Кристоферсен конечно го победи Хиршер

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен победи во слаломот во Кицбил, за прв триумф во Светскиот куп сезонава.

Кристоферсен по три трети и втори места, конечно успеа да го победи лидерот во генералниот поредок, Марсел Хиршер.

Австриецот беше втор, а на подиумот во завеаниот Кицбил се искачи и Швајцарецот Даниел Јуле.

Кристоферсен водеше по првото возење со 0,10 секунди пред Михаела Мата, а трет беше Хиршер. Мат во второто возење промашија капија и остана без пласман, а Хиршер не успеа да го надополни недостатокот, па остана со 0,97 секунди зад Норвежанецот.

Наредната трка се вози во вторник во Шладминг, а повторно ќе се вози слалом.