Хиршер славеше во паралелен велеслалом во Алта Бадија

Австриецот Марсел Хиршер е победник во паралелен велеслалом во италијанска Алта Бадија.

Хиршер така стигна до 62. победа во кариерата, со што се израмни со Анемари Мозер-Прел на третото место по бројот на победи во Светскиот куп, а пред него се само Ингемар Стенмарк и Линдзи Вон.

Инаку, во генералниот пласман Хиршер има 139 бодови повеќе од Макс Франц.