Французинот Пантуро освои злато во Шведска

Францускиот скијач Алексис Пантуро денеска имаше фантастичен настап на Светското алпско првенство во Оре, Шведска на кое освои златен медал во алпска комбинација.

Пантуро успеа да слави со време од 1:47.41, а зад него ги остави Хадалин со задоцнување од 24 стотинки и Марко Шварц со 46 стотинки.

Французинот минатата година освои сребрен медал во истата дисциплина на Олимписките игри, а на спустот беше 24. место.