Бизарна несреќа на олимписка шампионка – не е за верување каде заврши со автомобилот! (ФОТО)

Олимписката шампионка во спуст од Зимските игри во Пјонгчанг, Италијанката Софија Гоџа, имала бизарна сообраќајна несреќа во познатиот зимски центар Сестриере, која предизвикала огромен интерес пред сѐ поради својата – бизарност.

Скијачката изгубила контрола врз својот автомобил и завршила на кровот на паркирано комбе. Никому не му е јасно како сето ова се случило, а најважно од сѐ е што Гоџа минала неповредена од бизарната несреќа.

Италијанката е специјалист за брзи трки од Светскиот куп, каде што има шест победи и тоа четири во спуст и две во супер-велеслалом. Може да се пофали со Малиот кристален глобус во спуст за 2018 година, а најдобар пласман во генералното рангирање ѝ е третото место во 2017 година.