Злато и нов државен рекорд за Миа Крстевска на 200 метри грбно

Младата пливачка Миа Крстевска го освои првото место на гран-при митингот во Белград, што се одржа изминатиот викенд и постави нов државен рекорд на 200 метри грбно. 

Таа до златниот медал исплива со време од 2:21,32 минути и притоа исполни норма за настап на Европското младинско првенство и Младинската олимпијада оваа година.

Македонија имаше уште еден златен пливач во Белград, а тоа е Иван Симоновски, кој беше прв во дисциплината 100 метри пеперутка со време од 57,68  секунди. 

Поради одличните настапи, Македонија за прв пат по 21 година ќе има тројца пливачи на младинската Балканијада, што ќе се одржи во Сараево. Покрај Миа Крстевска и Иван Симоновски ќе настапи и Ана Јаневска.