Украинско дете со 13 години стана – сениорски европски првак! (ВИДЕО)

Иако има неполни 14 години, украинското дете Олексеј Середа влезе во историјата откако стана европски сениорски првак во скокови во вода од 10-метарска скокалница.

Середа влезе во историјата. Има само 13 години и седум месеци, но тоа што не е ниту средношколец не го спречи да стане најдобар во друштво со многу поголеми скокачи од него. Го урна рекордот од пред 11 години на Том Далеј, кој со 13 години и 10 месеци беше најмладиот европски сениорски првак во историјата, поставен во 2008 година.

Украинецот убедливо стигна до златото, со 14 односно 43 бода пред Бенжамин Ауфрет и Руслан Терновој. Во синхронизирани скокови со партнерот Олег Сербин стигна до среброто, а на СП во Гвангжу беше четврти.

Сега идната година го чека настап на ЛОИ во Токио, а таму ќе има право на настап, зашто ќе има полни 14 години, колку што е минимално за еден спортист да учествува.