Се јави АМС: Младите таленти како Марко се наша гордост!

Марко Пејчиноски од Охрид има само 12 години, но успеа да го преплива Охридското езеро и со тоа влезе во окото на македонската јавност, а, очигледно и на некоја институција.

Агенцијата за млади и спорт се јави со соопштение во кое го поздравува подвигот на Марко и вели дека талентите како него се иднината на нашиот спорт.

Марко ја исплива рутата, на која во саботата пливаше светската маратонска елита, на Охридскиот маратон, а за тоа му требаа нешто повеќе од осум часа. Подвигот е уште поневеројатен ако се знае дека тој имал прележано инфаркт на коска на долните екстремитети.