Поставени неколку нови рекорди на пливачкиот митинг „13 ноември“ во Скопје

Минатиот викенд се одржа меѓународниот пливачки натпревар „13 ноември 2018“ во Скопје, а младата пливачка Миа Крстевска постави нов рекорд.

Младата Крстевска од Пливачкиот клуб „Орион“ го урна својот стар рекорд на 200 метри грбо, откако исплива со време 2:17,93.

Поставени беа и уште неколку рекорди, односно Миа Еминова Блажевска постави нов кадетски рекорд на Македонија во 100 метри мешано со време 1:08,09.

Исто така Ева Петровска го урна преетходниот рекорд на Весна Стојановска во 200 метри делфин и постави нов рекорд со време 2:22,93.

И кај машките натпреварувачи имаше неколку рекорди. Андреј Стојановски постави нов рекорд за постари пионери во 200 метри градно со време 2:33,68.

Исто така одличен настап имаше и Стефан Цветковски кој постави нов рекорд на Македонија за постари пионери во 50 метри делфин со време 27,53.

Резултатите од пливачкиот митинг може да ги погледнете ТУКА.