Поп Ацев заврши зад победникот Рејмонд на Охридскиот маратон

Францускиот пливач Аксел Рејмонд славеше на Ултра маратонот на 25 километри, кој се одржа во Охрид, а зад него заврши Македонецот Евгениј Поп Ацев.

Рејмонд успеа да го преплива маратонот за 5.20.55, додека Поп Ацев имаше време од 5.21.03, но и покрај тоа македонскиот пливач се искачи на првата позиција на светската табела.

Зад Рејмонд и Поп Ацев на маратонот во Охрид заврши пливачот од Италија, Франческо Џетини.

Додека во женска конкуренција славеше италијанската пливачка Аличе Франко, која имаше време од 5.41.15.

До крајот на сезоната ќе се пливаат уште маратоните во Хрватска и Италија.