Пливачка на 15 години освои олимписко злато, а на 22 се - пензионираше!

Литванската пливчака Рута Мајлутите ги шокираше сите, откако реши да ја заврши кариерата на само 22 години.

Девојката се прослави на Олимписките игри во 2012 годна кога во Лондон освои златен медал, откако победи во дисциплината на 100 метри градно.

Една година подоцна освои златен медал и на Светското првенство во Барселона и со време од 1:02:36 го има светскиот рекорд во дисциплината.

Минатата година призна дека боледува од депресија, а денеска кажа дека ја завршува кариерата, зашто сака да живее нормален живот.

„Подготвена сум на нов чекор во својот живот. Им благодарам на сите кои ме поддржаа на мојот пат“, кажа 22-годишната девојка.