Одбија да му дадат минута молчење, па шпански пливач остана во место додека другите се натпреваруваа (ВИДЕО)

Шпанскиот пливач Фернандо Алварез само сакал да им оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад во Барселона, но организаторите на пливачкиот мастерс турнир за ветерани во Будимпешта го одбиле неговото барање да има минута молчење пред трката на 200 метри градно.

„Ми рекоа дека не може да има минута молчење, бидејќи немало време за трошење“, изјави Фернандо Алварез.

Сепак ветеранот не сакал да ги послуша организаторите на натпреварувањето и откако сите негови конкуренти почнаа со пливање тој остана на својат блок на почетната позиција и стоеше мирно една минута. Откако самиот си изрежира минута молчење влезе во базенот и исплива 200 метри градно. Тој вели дека морал да го направи тоа од почит кон загинатите во терористичкиот напад и нивните најблиски.

„Останав мирен. Почнав да пливам минута подоцна, но навистина не ми е гајле. Се чувствував поисполнето отколку да освоев злато“, изјави пливачот.