Нов шок во Италија: Млади пливачи загинаа во пад на авион (ВИДЕО)

Спортскиот свет го потресе нова голема трагедија, откако двајца млади италијански пливачи загинаа во авионска несреќа во околината на Рим.

Фабио Ломбини (22) и Џоеле Росети (23) полетале со мал спортски авион, но се срушиле само 30 секунди подоцна, велат извештаите на полицијата. Засега нема официјална информација за причината за падот на авионот.

Ломбини пред несреќата на „Инстаграм“ споделил неколку објави на кои се гледа дека со Росети се во авионот.