Маленко: Нашиот спорт е дно, си играме федерации! (ФОТО)

Александар Маленко не остана нем откако Агенцијата за млади и спорт денеска го поддржа иницијативниот одбор за смена на Маленко од претседателската функција во Пливачката федерација (ПФМ) и одбраа ново, паралелно раководство.

Маленко се огласи на својот профил на Твитер, велејќи дека поради ваквите случувања македонскиот спорт е дно.

Тој беше избран за претседател во ноември, поддржан токму од АМС, меѓутоа во јануари таа го прогласи за нелегитимен. Директорот Дарко Каевски јавно кажа дека постојат клубови кои иницирале смена на Маленко и целото раководство на ПФМ. Одговорот на Маленко и неговата гарнитура беше дека тие клубови не се воопшто регистрирани како членови на ПФМ и дека фактото што АМС им дала лиценца за дејност спорт не им дава право на глас, согласно Статутот.