Јован Јанковски исплива за личен рекорд во Будимпешта

Македонскиот пливач Јован Јаковски заврши на 65. позиција во конкуренција на 101 пливач во дисциплината 100 метри слободно на Светското првенство во 25-метарски базени кое се одржува во Будимпешта.

Во својата „Група 4“, Јанковски исплива за време од 50.30 секунди и тоа е негов личен рекорд.

На првенството Јанковски ќе настапи и во дисциплината 100 метри пепертука.

Македонија ВО Будимпешта ќе ја претставуваат уште Сара Јанковиќ на 200 метри слободно и Никола Ѓуретановиќ кој ќе плива на 400 и 800 метри слободно.