Евгениј Поп Ацев заврши на 55. позиција во Доха

Поранешниот светски првак во маратонско пливање, Евгениј Поп Ацев, го почна настапот на светската серија на десет километри во Доха.

Поп Ацев во конкуренција од 68 натпреварувачи, заврши на 55. место со задоцнување од 3:54 минути зад победникот Виртман Фери, а втората и третата позиција ги освоија Обри Давид, односно Руфини Симоне.

Следната трка ќе биде на 22. мај на Сејшели.