Блажевска постави четири државни рекорди на митингот во Лесковац

Минатата недела беше одржан првиот Меѓународен пливачки митинг - Дубочица опен кој се одржа во Лесковац и на кој настапија 379 пливачи од Србија, Бугарија и Македонија. Најзабележителен настап од нашата земја имаше Блажевска Еминова Миа која постави четири држави рекорди. 

Македонската пливачка најпрвин беше одлична на 50 метри грбно  и со време од 31:31 постави нов рекорд во кадетска и млдинска конкуренција. Делницата од 100 метри грбно ја исплива со време од 1:07:54 што значеше нов државен рекорд. Слободниот стил на 100 метри го исплива со време од 59:59, додека рекорд постави и на 200 метри мешано, а исплива за време од 2:27:34.