Александар Маленко избран за нов претседател на пливачката федерација

Еден од најдобрите пливачи на Македонија во изминатите две ипол децении, Александар Маленко е избран за нов претседател на пливачката федерација на Македонија (ПФМ).

Маленко се враќа во овој спорт со желба да го оправи од децениското тонење на спортот, кој донесе многу успеси во минатото и низа олимпијци на Летните олимписки игри.

„Благодарам на сите делегати за укажана доверба на денешно транспарентно изборно собрание да бидам претседател на Пливачката федерација на Македонија. Од понеделник почнува имплементација на професионализам во македонското пливање!“, напиша Маленко на својот твитер-профил.