Запознајте го човекот кој скокна од авион на 7,5 километри - без падобран! (ВИДЕО)

Американецот Лук Аикинс може да се пофали дека е единствениот човек на светот што скокнал од авион без падобран. И тоа не од колку било туку од седум и пол километри височина

Тешко е за просечниот човек да разбере зошто, по ѓаволите, некој да скока од авион со падобран, а камо ли, пак, без него. За Лук Аикинс, очигледно, потребата од возбуда и адреналин дошла дури дотаму, па решил и успеал да го изведе овој луд потфат.

Скокал од 25.000 стапки висина или 7620 метри. Покрај него во добар дел од летот имало придружници, кои потоа ги активирале своите падобрани, а Лук се приземјил во огромна мрежа, се разбира, доволно одвоена од земјата.

via GIPHY

На видеово се гледа дека во еден момент достигнува брзина од 150 милји на час или 240 километри на час, но тоа е некаде на половина од падот.

„Речиси како да лебдев во бестежинска состојба, неверојатно беше. Не можам да верувам што направив. Не можам да ви опишам како се чувствувам.“, вели Аикинс.

За да биде иронијата поголема, тој е инструктор по безбедност за скокање со падобран, во Американската падобранска асоцијација, а му беше помошник на Феликс Баумгартнер, за рекордниот скок, од „работ на вселената“.