Земјотресот не им ги поремети плановите: Јапонија ќе го кандидира Сапоро за организација на ЗОИ 2030

Олимпиското комитет на Јапонија одлучи да му даде шанса на Сапоро за организација на Зимските олимписки игри во 2030 година, пренесува „Кјодо“.

Сапоро првично сакаше да претендира за организатор на Игрите во 2026 година. Сепак, по земјотресот пред две години, ја поништи оваа одлука.

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Томас Бах, претходно го пофали Сапоро како кандидат за Олимпијадата во 2030 година.

Покрај тоа, Сапоро ќе биде домаќин на некои од натпреварите од Летните олимписки игри оваа година, бидејќи времето е поладно од Токио кој ја доби организацијата.

Сапоро беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1972 година.