За успехот на Ледецка биле заслужни скиите на Шифрин!

Олимпијката од Чешка, Естер Ледецка направи сензација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг благодарение на скиите, кои претходно ги користеше најдобрата скијачка Микаела Шифрин, а тоа го потврди тренерот на новата олимписка шампионка во супер-велеслалом.

Банк откри дека Ледецка во последната година ипол ги користела старите скии на американската скијачка, а дека тие се покажале како најбрз пар пред саботната трка.

„Имавме нови скии, како и некои веќе користени. Тоа беа скиите на Микаела Шифрин. Нашиот сервисер ги подготвуваше многу пати. Скијавме со нив и ги тестиравме. Се покажаа дека се најбрзи и затоа ги одбравме нив“, изјави Банк.

Ледецка во саботата и ја донесе првата медала на Чешка на ЗОИ во алпско скијање. 22-годишната олимпијка ја очекуваат и натпреварувањата во сноуборд во Пјонгчанг, а на дуелите во паралелен велеслалом, во кој е светска шампионка, на програмата се наредната сабота.

Инаку Шифрин освои злато во велеслалом во Пјонгчанг, а не успеа да ја одбрани титулата во слалом. До крајот на ЗОИ ја очекува трката во комбинација.