Вудс заврши на операција: Имал скршеници на нозете и на едната рака!

Пристигнаа нови информации за здравствената состојба за легендарниот голфер Тајгер Вудс, кој имаше сообраќајна несреќа, па во моментов се наоѓа на операција.

Вудс доживеа несреќа во Лос Анџелес, а пожарникарите морале да го сечат автомобилот за да го извлечат од возилото.

Менаџерот на Вудс, Марк Стајнберг се заблагодари на поддршката која ја доби голферот преку социјалните мрежи.

„Операцијата е во тек. Станува збор за скршеници на нозете и една рака. По операцијата ќе знаеме колку време ќе мора да паузира. Ви благодарам на сите за поддршката“, вели Стајнберг.