Традиционалното парадирање на учесниците на ЗОИ во Пјонгчанг беше обично, како и многу други во историјата, сѐ додека на патеката не зачекори селекцијата на Тонга.

Знаменосец беше Пита Тауфатофуа, нагоре целосно гол, со традиционално здолниште од својата земја и со летни обувки, додека во Пјонгчанг воздухот држеше температура од минус два степена целзиусови.

 

Ако тоа е мал куриозитет, Пита е чуден и по друго. Тој беше знаменосец на Тонга и во Рио во 2016 година, тогаш како таеквондист. Сега ќе се натпреварува во крос-кантри.