Владата со директна помош за клубовите и федерациите во износ од – 3 милиони евра (ВИДЕО)

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, на денешната прес-конференција ја обелодени одлуката на Владата за финансиска помош за македонскиот спорт со дополнителни три милиони евра.

Вкупно 666 спортски клубови, 60 национални федерации и 173 индивидуални спортисти ќе добијат парична помош од државата, со цел да се надминат проблемите создадени со пандемијата со корнавирусот. Секој од нив, според најавите, ќе добие најмногу 33-отсто од износот на ваучерот добиен за 2021 година.

Ова дефинитивно ќе биде огромна помош за луѓето кои ги предводат клубовите и федерациите, со цел да обезбедат средства за редовна работа и исполнување на зададените цели во натпреварувањата во кои настапуваат.