Уште и награда доби: Фантомски таеквондист се фалел дека е шампион, па се вади дека го измамиле

Делува многу чудно и нереално за земја како Словенија, ама невиден гаф се случил во „дежелата“ откако општина Лендава наградила „лажен спортист“, кој се претставил како шампион, а всушност никој не го знае, барем во признаените ферерации.

Станува збор за извесен Бено Мисја, кој на доделувањето на награди се заблагодарил и најавил дека тоа е голем мотив за понатамошната кариера. Но, бизарноста почнува од моментот, кога 25-годишниот Мисја се претставил како четирикратен првак на Словенија и иден европски шампион во таеквондо. Добил награда, веројатно и парична награда, го снимале телевизии...

И отука почнува целото невидено лудило. Од таеквондо фередацијата објавија дека таков спортист немаат регистрирано.

„Бруно Мисја не е регистриран во ниту еден сојуз, ниту во некој клуб. Секако, никогаш не бил регистриран во Таеквондо федерацијата на Словенија. Ниту во еСпорт. Како добил признание? Веројатно учествувам на некои непризнаени турнири“, била рекацијата на таеквондо федерацијата.

Откако скандалот бил откриен, се јавил и Мисја, посочувајќи дека е жртва на – меѓународна измама.

„Јас од 2014 до 2020 година се натпреварував на различни турнири во таеквондо во Словенија и странство. Тоа е запишано во медиумите, имав и некои успеси, а откако добив писмо од федерацијата на 8 јануари сфатив дека сум жртва на меѓународна измама. Таа злосторничка организација ме излажа да учествувам на турнири, кои не биле меѓународно признаени. Сега ќе поднесам кривична пријава против тие членови, особено тимот на Хваранг од Верона, зашто ме измамија. Јас не сум крив, им се извинувам на сите“, вели Мисја.

Словенците во шега велат подобро сега со ваква награда, отколку да избувнеше афера пред ЛОИ.