Тренинг за Гинис: НФЛ ѕвезда вежбаше скоро 17 часа и помина – 212 километри!

Американската НФЛ ѕвезда од Лос Анџелес Ремс, Тејлор Реп си смисли пеколен тренинг за да остане во форма со кој може да конкурира за гинисовата книга на рекорди зашто вежбаше скоро 17 часа.

Реп тргна со својата тренинг-програма во 4.30 часот наутро почнувајчи со возење велосипед и успеа да извози точно 200 километри, па малку му беше тоа, продолжи со пливање од два километри, па пешачење од шест километри.

И за да го комплетира целиот тренинг, уште истрча четири километри, а на крај одработи вежби за истегнување и околу 21 часот го заврши неверојатниот тренинг. Севкупно согорел десет илјади калории.

Ако ништо друго слободно може да се бори во конкуренција на „ајронмен“ тријатлонци.