Том Брејди ја фати ќерка си за рака и ја фрли од карпа (СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО)

Славниот играч во американски фудбал, Том Брејди, сподели на социјалните мрежи скандалозно видео во кое со својата ќерка Вивијен, која доби во бракот со манекенката Жизел Бурдшен, скокаат од карпа.

И тоа не би било толку необично доколку не беше во прашање голема висина за возрасен човек, а не па за едно дете!

Имено, Брејди ја фаќа својата ќерка за рака и тргнува да скокне во водата. Исплашеното девојче делуваше несигурно, но Брејди ја повлече со себе како некоја кукла.

За среќа, се заврши добро и девојчето од вода излезе без повреди, а скандалозното видео гордиот татко го стави на социјалните мрежи.

Ако Виви сака да биде олимписка шампионка еден ден, тоа сигурно нема да биде во пливање. Но, тато е секогаш тука да и даде чиста десетка, напиша во опис на видеото Брејди.

Ова видео предизвика лавина на негативни коментари на социјалните мрежи.