Том Бреди испиша историја во НФЛ

Легендарниот квотербек на Њу Ингланд Петриотс, Том Брејди мораше да се помири со поразот во фантастичниот меч против Мајами (34-33), но и покраја тоа ќе остане запаметен мечов по неговиот голем успех.

Брејди минатата недела се израмни со уште една легенда Пејтон Менинг, на првото место на вечната листа, но сега му побегна за три тачдаун додавања. Брејди има 582, додека пензионираниот Менинг остана на 579.

Менинг е уште рекордер кога се гледаат само мечови во сезоната со 539 тачдаун додавања, втор е квотербекот на Њу Орлеанс Сејнтс, Дру Брис со 519, додека Брејди има 511.