Ставре Јада убедливо последен на спринтот во Пјонгчанг!

Првиот настап на Македонија на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг помина неславно. Ставре Јада го осови 79. место од 80 натпреварувачи, но еден беше дисквалификуван, што значи Македонецот е последен.

Македонскиот нордиец беше убедливо последен на спринтот во класичен стил. Оствари време 4:23.85, што беше значеше заостанување од речиси 18 секунди зад натпреварувачот пред него. Зад победникот во овие квалификации, Јада задоцни една минута и 15 секунди.

Уште пред тргнувањето во Пјонгчанг се најавуваше дека спринтот во класичен стил не е негова најсилна страна и дека подобриот резултат треба да го бараме на трката на 15 километри слободно, која ќе се вози в петок.

Ова беше квалификациска трка, од која првите 30 продолжуваат во четвртфиналето, а македонскиот натпреварувач заостануваше повеќе од една минута и пет секунди зад таа 30. позиција.