Спортисти или мигранти: Камерунци исчезнаа од Игрите на Комонвелтот во Австралија

Осум спортисти на Камерун исчезнале од Игрите на Комонвелтот, кои се одржуваат во Австралија, објавија официјални лица на камерунската делегација.

Камерунците исчезнале од „олимпиското село“ сместено на австралиската златна обала, а станува збор за петмина боксери и тројца дигачи на тегови. Австралиските власти објавија дека засега некој од нив не прекршил закон на оваа земја.

Камерунската делегација веднаш ја известила полицијата во Австралија за исчезнувањето на спортистите.

„Овие спортисти беа дел од тимот во тренинг-кампот, но само естмина од нив се појавија на натпреварувањата, додека двајца воопшто не се појавија ниту на тие натпреварувања“, рече Виктор Агбо Нсо, шефот на камерунската мисија.

Федерацијата на Игрите на Комонвелтот објави дека е разочарана пто спортистите не се појавиле на натпреварувањата.

„Тие спортисти се гости во Австралија и тое сè уште имаат визи и право слободно да се движат. Загрижени сме за безбедноста на спортистите и затоа многу сериозно го земаме сето ова“, објави Дејвид Гривемберг, извршниот директор.

Организацискиот одбор, пак, не е изненаден затоа што вакви работи честопати се случуваат и на други натпреварувања. Многу често низ историјата се покажало дека африкански спортисти ги снемува по завршувањето на некое натпреварување, па како мигранти бараат подобар живот.