Скандал кој го потресе светот: Корејски лизгачки шокантно обелоденија дека тренерите ги силувале

Десетина јужнокорејски спортистки, од кои најголемиот дел лизгачки шокантно обелоденија дека тренерите ги силувале, откако двојната олимписка шампионка во лизгање Шим Шук Хи прва обелодени дека била сексуално злоставувана.

Групата „солидарност за младите лизгачки“ го потресе светот со обелоденување на голем скандал, кој го потресе светот, откако во Парламентот на Јужна Кореја соопштија дека пет лизгачки пријавиле сексуално злоставување, но не беа откриени нивните имиња.

Јужнокорејската пратеничка Сон Хје Вон на прес-конференцијата истакнала дека една од жртвите изјавила дека тренерот неколкупати ја силувал додека била тинејџерка и тоа во Националниот спортски универзитет. Хје-Вон побарала истрага против тренерот на националниот тим Џеон Менјг-Гју и ги повикала претседателот и сите членови на Олимпискиот комитет да дадат оставки, зашто не успеале да ги заштитат спортистките.

Покрај лизгачките, обвинувања кон тренерите за сексуално злоставување има и од неколку џудистки, таеквондистки и борачки, како и членки на олимпискиот тим во карлинг.