Шест спортисти ќе бијат жестока битка за единствената вајлд карта за ЛОИ во Токио!

Македонскиот олимписки комитет (МОК) донесе одлука да побара една вајлд-карта за шест спортисти (три во машка и три во женска конкуренција) за Олимписките игри (ОИ) во Токио.

За репрезентацијата на Македонија во машка конкуренција вајлд-билет ќе се бара за Дејан Георгиевски - таекводно, Емил Павлов - карате и Хамз Јашари - џудо, додека во женска конкуренција се Ева Соколовска и Пуликсенија Јованоска – ритмичка гимнастика и Анастасија Георгиевска - таекводно.

Македонија може да добие само една вајлд-карта за спортистите, а доколку Павлов или Георгиевски успеат да се пласираат на ОИ, тогаш виза ќе се бара за други спортови.