Шаховскиот Клуб Алкалоид стартуваше со победа на Европскиот Клупски Куп

Шахистите на Алкалоид успешно го почнаа годинешниот Европски Клупски Куп во Улцињ, Црна Гора, откако во првото коло, со победите на Шанкланд, Криворучко, Ковалев и Недев, славеа со 5 -1 против Ешихир Мозан од Белгија.

Сепак, сериозниот пристап и борбеноста на противниците им донесе две реми партии, кај Андреикин и Инаркиев. Во целина, искуството и повисоката шаховска класа беа доволни за победа, со што шахистите на Алкалоид ја оправдаа улогата на фаворит.

Првото коло помина без изненадувања и во другите мечеви, сите останати фаворити остварија победи: Медни Всадник Санкт Петербург, АВЕ Нови Бор - Чешка, Обиетиво Рисарцименто Падова.

Следен противник на ШК Алкалоид е екипата на Раика Рапид Феферниц од Австрија.