Секс-скандал: Две олимписки шампионки детално опишуваат како биле - силувани!

Поранешната романска гимнастичарка Татјана Гуцу и Американката Мекејла Маруни излегоа во јавноста со обвиненија дека биле силувани. 

Романката која сега има 41 година била сексуално злоставувана од шесткраниот олимписки шампион Витали Шербо. Злочинот се случил во Штутгарт во 1991 година, кога Гуцу имала само 15 години.

„Шербо ме силуваше во 1991 година во Штутгарт. Тој е чудовиште кое ме држеше во затвор и поради кого се плашев сиве овие години“, изјави Романката

Уште едно шокантно признание доаѓа од САД од Мекејла Маруни, која исто така обвинува дека била силувана како малолетничка. Таа го обвини Лери Насар, кој веќе е упсен за детска порнографија.

„Прв пат ме злоупотреби за време на тренинг-кампот во Тексас. Тогаш имав само 13 години. Ме уверуваше дека ваков третман користи веќе 30 години. Кога и да му се укажуваше прилика морав да одам на тој ’третман’. Дури и пред да одам на Олимписките игри во Лондон 2012 пред да освојам златен медал. Најголемата ноќна мора се случи кога имав 15 години. Ми даде таблетка за спиње за време на летото за Токио, а се разбудив за време на ’третманот’ во хотелската соба“, вели Маруни.