Прв допинг-скандал на ЗОИ: Јапонец бил позитивен на тест!

Јапонецот Кеи Сато, кој се натпреварува на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ) во Пјонгчанг во брзо лизгање паднал на допинг тест, откако бил позитивен на истиот, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на низа извори.

Според агенцијата, Сато (21) паднал на тестирањето пред стартот на Игрите, цитирајќи притоа анонимни извори и сега ако се покаже дека тестот навистина е позитивен, тој ќе биде прв Јапонец кој ќе биде вратен дома од едни зимски игри во историјата.

Јапонскиот Олимписки Комитет за денеска закажал прес-конференција, најверојатно околу случајот со Сато, додека организаторите немале информации околу овој допинг случај, додека од Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) биле недостапни за коментар.

Сато, инаку студент по биологија е член на штафетата на Јапонија во брзо лизгање на 3.000 метри, која во 2013 и 2014 година ја освојуваше бронзената медалја на младинскиот светски шампионат во тие години. Инаку, неговата сестра Хитоми исто така е јапонска олимпијка на овие ЗОИ во Пјонгчанг.