Проблем во Пјонгчанг, хакерите нападнаа - падна сајтот на ЗОИ

Хакерите кои претходно најавија дека нема да ги остават на мира организаторите на Олимписките игри во Пјонгчанг не се шегуваа, а тоа го докажаа вчеравечер, на првиот ден од отворањето на 23-те игри.

Имено, засега непознати чинители ги нападнаа серверите во текот на церемонијата при Отворањето, но не нанесоа голема штета. Единствена незгода имаа претставниците на медиумите, бидејќи во прес центарот снема интернет мрежа, а исто така поради тоа на некое време паднат беше и сајтот на ЗОИ кој набрзо беше вратен во функција.

Се чини дека ова беше само опомена за она што може да следи во наредните денови.