Познат новиот термин за одржување на ОИ во Токио

Олимписките игри (ОИ) во Токио требаше да се одржат годинава во месеците јули и август, но поради пандемијата на Ковид-19, тие беа одложени за следната година.

„Ројтерс“ објави дека претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах и јапонскиот премиер, Шинзо Абе се договориле ОИ да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.

Ова беше првото одложување на ОИ во долгата традиција на натпреварувањето и Јапонија доживеа голем удар затоа што за организација потроши 13 милијарди долари, а однапред наплати и три милијарди долари од спонзорите.