По само две години во НФЛ, квотербекот на Канзас го доби најголемиот договор во историјата!

Предводникот на актуелниот првак во американски фудбал, квотербекот на Канзас сити Чифс, Патрик Махoмс го доби историски најголемиот договор во светскиот спорт откако потпиша нов десетгодишен договор вреден неверојатни 450 милиони долари.

Махoмс има 24 години, моментно го сметаат за најдобриот играч во НФЛ-лигата, а историски највредниот договор го добива после само две години во професионалниот свет на американскиот фудбал.

Во првата сезона откако влезе во НФЛ беше прогласен за МВП на сезоната, а со Канзас стигна до конференциско финале, а потоа во втората стигна до шампионскиот прстен со овој клуб и до наградата за МВП на Суперболот.

Инаку рекордер е по најмногу фрлени тачдауни во една сезона – 50.