Оскар Писториус повреден во затворска тепачка

Оскар Писториус моментално ја издржува 13-годишната затворска казна поради убиството на својата девојка Рива Стенкамп.

Од затворот во Јужна Африка потврдуваат дека поранешниот параолимпиец учествувал во тепачка со друг затвореник. Писториус се здобил со неколку модринки, но не бил посериозно повреден.

„Писториус има модринки откако влегол во физичка пресметка со еден друг затвореник со кој добро се познавале и тоа поради употребата на јавниот телефон во специјалното одделение во затворот“, вели портпаролот на затворот,  Сингабако Енчумало.