Олимпиец за малку ќе беше застрелан поради непочитување на полициски час! (ВИДЕО)

Пред четири дена се случи необична ситуација во Костарика, која беше за бележана од страна на надзорните камери.

Имено, олимпиецот во сурфање Рафел Вилависенсио спаси „жива глава“ трчајќи пред полициски службеник кој се обиде да го застрела, бидејќи за  време на полициски час се наоѓал на плажа.

Поради ваквото шокантно дело, адвокатскиот тим на Костариканецот ќе поднесе тужба до полицаецот кој истрела неколку куршуми кон сурферот.

Држеше оружје. Во тој момент испаничив и почнав да бегам. Покрај тоа, ние мора да промовираме единство во нашата земја и мора да останеме сите дома, исзјави Костариканецот кој воедно беше свесен дека за малку ќе загин ел поради непочитување на правилата.