Нов скандал во Пјонгчанг: Руски спортист паднал на допинг тест?!

Голем број руски и светски медиуми пишуваат дека еден од рускте олимпијци, кој се натпреварува на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг, паднал на допинг тест.

Олимпискиот тим на Русија добиле известување од Меѓународниот олимписки комитет дека еден од нивните спортисти паднал на сопинг тест, откако ја користел забранетата супстанција - мелдониум.

„Добивме известување од МОК за можно кршење на анти-допинг правилата. Не можеме да кажеме за кого станува збор затоа што ја чекаме анализата од вториот примерок, која ќе биде завршена во наредните 24 часови“, вели портпаролот на руските олимпијци, Константин Виборнов.

Некои медиуми пишуваат дека станува збор за Александар Крушелнички, кој освои бронзен медал во конкуренција на мешани парови во карлинг.

Да потсетиме, мелдониумот е забранета супстанција, која ја чинеше руската тенисерка Марија Шарапова суспензија од дури 15 месеци.