Норвежанецот Клебо стана – најмладиот шампион во спринт!

Норвешкиот скијач Јоханес Хесфлот Клебо денес на својата држава и го донесе второто злато во скијачко трчање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг со триумфот во спринт.

Клебо во финалето на таа дисциплина беше сигурен и на целта стигна со време од 3:05,75 минути откако се одвои од своите ривали пред самиот финиш и на тој начин стана најмладиот олимписки шампион во скијачко трчање затоа што има само 21 година.

Зад него беше видена голема борба, која ја одлучи фото-финиш, а среброто му припадна на Пелегрини, кој беше секунда и 34 стотинки зад Норвежанецот. Веднаш зад него заврши Русинот Болшунов.