Неуспешен обид да се „протне“ нов член пред гласањето за претседател на МОК!

Сѐ уште првиот човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски, во обраќањето на последното Собрание кое го води како претседател, неуспешно се обиде надвор од дневниот ред да вметне нов член на местото на трагично загинатиот Благоја Георгиевски-Буштур, со цел тој да може да гласа за негов наследник.

Со оглед што станува збор за Тодор Гечевски, кошаркарска легенда кој е близок со еден од кандидатите, Даниел Димевски, приврзаниците на неговата противничка, Александра Војнеска-Зикова бурно реагираа и побараа тоа да се стори или кога ќе дојде на ред или веднаш, ама без право на глас на ова Собрание. Популарниот Циле веднаш го повлече својот предлог, гледајќи дека нема поддршка, поради што Гечевски ќе почека на негов прием меѓу членовите на највисокиот орган на МОК.