„Немањето на доказ за допинг, не значи дека натпреварувачите се невини!“

Генералниот секретар на Арбитражниот суд за спорт, Матју Риб  им кажал на новинарите дека не гледа ништо нелегално или чудно во одбивањето на влез на атлетичар од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), па дури и ако нема доволно докази за допинг прекршоци.

МОК и Арбитражниот суд за спортови се на работ на отворена конфронтација поради нивните одлуки за руските спортисти во врска со допингување. Рускиот олимписки тим беше суспендиран од Зимските олимписки игри (ЗОИ), но некои од руските натпреварувачи добија можност да учествуваат, но под неутрално знаме.

„Должноста на МОК беше да докаже дека спортистите вклучени во овој случај беа виновни за прекршување на анти-допинг правилата. Фактот дека нема доволно докази, не значи дека натпреварувачите се невини“, изјави Риб.

Некои од спортистите се свртеа кон Арбитражниот суд за да добијат прием на ЗОИ и минатата недела судот во Лозана ја потврди жалбата на 28 спортисти и тренери. Но како и да е, МОК одби да го покани на игрите, дури кажа дека се потребни „итни реформи во внатрешната структура“ по „крајно разочарувачката“ одлука на судот.

МОК досега не им објасни на руските спортисти што направиле за да им биде забрането учеството на ЗОИ во Пјонгјанг.