Нема клечење на ЛОИ: ИОК забрани секакви политички пораки!

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) донесе одлука да се забранат секакви политички пораки и Летните Олимписки игри (ЛОИ) во Токио летово да не се злоупотребуваат.

Ова најмногу важи за веќе традиционалното клечење во знак на поддршка на движењето „Блек Ливс Матер“, како демонстрација за злоупотребата на сила врз темнокожците. Поради ова, а и поради многу политички пораки кои преку најголемито спортски настан се испраќале, ИОК донел одлука да нема никаков облик на изразување надвор од спортот, па така во олимпиското село и на спортските борилишта нема да смее да има никакви политички, религиски или етнички демонстрации.

„Иако слободата на говор и изразување е основно човеково право, тоа не е апсолутно. Таквото право доаѓа и од должностите и одговорностите. Загрижени сме од ризик на политизација на спортистите и тие да бидат изложени на поголем ризик од надвор Наша најважна должност е да ги одбраниме спортистите од било какви потенцијални последици во случаи кога се ставени во позиција и присилени да заземат јавен став за некој домашен или светски проблем, без оглед на своите уверувања. Во вакви случаи, политичката неутралност на Олимписките игри е да ги одбрани спортистите од било какви искористувања на политички или друг неспортски план“, рекоа од ИОК.