Многу му знаеше јазикот на Елистратов, па си направи – беспотребен проблем!

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) започна истрага против Русинот Семен Елистратов, кој бронзениот медал освоен во брзо лизгање на 1,500 метри го посвети на своите сонародници, кои биле суспендирани на „тежок и нефер начин“.

Елистратов на победничкиот престол се најде под олимпиското знаме, како дел на Олимпијци од Русија затоа што олимпискиот комитет на Русија е суспендиран поради допинг. МОК во Пјонгчанг ги повика 169 спортисти, кои се натпреваруваат како неутрални натпреварувачи.

„Имав потешкотии да ги задржам солзите. Кажав и претходно дека секој медал ќе биде со златен сјај за мене. Многу сум среќен што стигнав до победата ѝ покрај ситуацијата во која се наоѓа рускиот спорт. Го посветувал овој медла на сите спортисти кои се исклучени од ЗОИ на тежок и нефер начин“, изјави Елистратов.

Русинот сега се наоѓа под истрата затоа што неговиот коментар го прекрши правилото, според кое не би требало да коментира со политичка конотација.

„Имаме надзорен програм, кој го следи однесувањето на Олимпијците од Русија и извештај ќе дадеме по завршување на игрите“, вели Адамс, преставник на МОК.