МЛБ одлучи: Марихуаната е дозволена во американскиот бејзбол

Американската Мејџор лиг бејзбол ја тргна марихуаната од листата на недозволени супстанци, откако направи договор со Заедницата на професионални бејзбол играчи.

Според оваа одлука, конзумирањето на марихуана ќе се третира како конзумирање алкохол, па казните ќе биде слични на оние на возење во алкохолизирана состојба. Сепак, МЛБ-лигата и натаму ќе врши тестови за опојни и тешки дроги, како фенатил, кокаин и други.

Слично барање има и Асоцијацијата на американски фудбалери, но НФЛ-лигата засега нема интерес да донесе ваква одлука. Сепак, бејзбол играчите ќе мора да внимаваат со конзумирањето марихуана, бидејќи во голем дел од државите во САД, оваа супстанца и натаму е нелегална.