„Млади сме, згодни со убави тела - нормално дека ќе имаме многу секс“

Организаторите на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг објавија дека за 2.952 спортисти обезбедиле вкупно 110.000 кондоми. Ова е зголемување од 10.000 кондоми во однос на минатите Игри пред четири години. 

Оваа бројка значи дека секој спортист добил по 37 кондоми, а со оглед на фактот дека натпреварите траат околу 14 дена, секој спортист на располагање има по три кондоми дневно. 

„Се случува! Што би правеле друго кога на едно место имате згодни спортистки и спортисти со фантастични тела во тесни хеланки. Нормално дека ќе има секс“, вели Џон Дејли од САД, кој се натпреварува во Скелетон во Пјонгчанг.

„Добивме еден куп кондоми, што би правеле друго со нив?“, вели Џои Мантиа за „Космопилитен“.

„Тоа се зимски игри, ладно е. Како поинаку би се згреале“, додава скијачот Стив Најман.

Познато е дека на Олимписките игри омилено хоби на спортистите им е сексот. Нормално не смеат да претераат пред натпреварите  за да ја зачуваат силата и енергијата.