Минимален пораз на Алкалоид во третото коло на Европскиот Клупски Куп

Во дерби мечот на третото коло ШК Алкалоид загуби со минимална разлика 2,5 - 3,5 од рускиот шампион Медни Всадник од Санкт Петербург.

Очекувано, ова беше многу тежок меч за двете екипи, во сите шест партии се водеше напрегната борба, на моменти со минимална предност за шахистите на Алкалоид.

Сепак, на крајот пет партии завршија со реми, и Криворучко единствен претрпе пораз, кој беше доволен за рускиот тим да прослави минимален триумф.

По одиграни три кола, седум екипи (од вкупно 66 клубови кои учествуваат) имаат максимални шест бода, две имаат пет и потоа следи поголема група со четири бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.

Во следното коло, ШК Алкалоид за противник ја има српската екипа Итака.