Македонија со 71 спортист во 15 спортови ќе се натпреварува на Медитеранските игри

Медитеранските игри годинава ќе се одржат по 18-ти пат во Тарагона, Шпанија од 20 јуни до 1 јули 2018 година. Македонија ќе земе учество на овој голем спортски собир со 71 спортист во 15 спортови. 

Наши најголеми адути за освојување медал се каратистите. Тие најчесто се враќаат со медали од големите натпреварувања, па затоа очекуваме успех и овој пат. На претходните Медитерански игри медали освоија Емил Павлов и Мартин Несторовски. 

Во екипните спортови ќе се натпреваруваме со машката и женската ракометна репрезентација, а тука се и одбојкарите, кои не се прославија на завршниот турнир во Сребрената европска лига, па ќе бараат да се искупат со добар настап на Медитеранските игри. 

Македонија на овој голем спортски собир, покрај традиционалните спортови ќе има претставници и во коњички спортови и веслање. 

Распоред на натпревари на Македонија на Медитеранските игри:

1. Карате од 23 јуни до 24 јуни
2. Ракомет (машка репрезентција ) од 23 јуни до 01 јули
 - Ракомет (женска репрезентација) од 23 јуни – 30 јули
3.  Одбојка (машка репрезентација) од 22 јуни до 01 јули
4.  Таеквондо од 28 јуни – 30 јуни
5.  Џудо од 27 јуни до 29 јуни
6.  Борење од 25 јуни до 27 јуни
7.  Спортско стрелаштво од 23 јуни до 24 јуни
8.  Стреличарство од 22 јуни – 24 јуни
9.  Коњички спортови 27 јуни – 29 јуни
10. Атлетика од 27 јуни – 30 јуни
11. Тенис од 26 јуни – 30 јуни
12. Пинг понг од 26 јуни до 30 јуни
13. Кошарка 3х3 од 27 јуни до 29 јуни
14. Бокс од 25 јуни – 30 јуни
15. Веслање од 28 јуни до 30 јуни

Листа на сите спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Медитеранските игри по спортови:

КОШАРКА 3Х3
Даниел Нацевски 
Дамјан Робев 
Блажо Митков 
Андреј Атанасов

КАРАТЕ
Емил Павлов 
Ненад Келебиќ 
Берат Јакупи 
Жарко Арсовски 
Ангела Мојсовска 
Симона Заборска

ЏУДО
Арбреша Реџепи 
Артан Рушити

ПИНГ ПОНГ
Кристијан Станојковски

БОКС
Љуљзим Исмаили

ТАЕКВОНДО
Филип Додевски 
Дејан Георгиевски

АТЛЕТИКА
Дарио Ивновски 
Дрита Ислами

ВЕСЛАЊЕ
Марјан Влаќески

СТРЕЛИЧАРСТВО
Петар Јаневски

КОЊИЧКИ СПОРТОВИ
Лука Заложник

ОДБОЈКА (мажи)
Ѓорѓи Ѓорѓиев 
Марко Стошиќ 
Никола Ѓеорѓиев 
Марјан Урдов 
Владо Милев 
Александар Љафтов 
Иван Андонов 
Стојан Илиев 
Филип Маџунков 
Славе Наков 
Васе Михаилов 
Дарко Ангеловски

ТЕНИС
Томислав Јотовски

БОРЕЊЕ
Раиф Камбери 
Бесмир Веселовски 
Магомедгаџи Нуров 
Дејан Митров

СТРЕЛАШТВО
Нина Балабан

РАКОМЕТ (жени)
Јована Саздовска 
Дајана Јовановска 
Елена Ѓорѓиевска 
Драгана Петковска 
Теодора Керамичиева 
Јована Мицевска 
Матеја Серафимова 
Ивана Гакидова 
Марија Николиќ 
Наташа Нолевска 
Сара Ристовска 
Душица Ѓорѓиевска 
Милица Николиќ 
Марија Тасевска 
Александра Боризовска 
Леонида Гичевска

РАКОМЕТ (мажи)
Мартин Томовски 
Никола Даниловски 
Гоце Ојлески 
Бојан Маџовски 
Филип Кузмановски 
Дарко Димитриевски 
Мартин Манасков 
Горан Крстевски 
Ласко Андоноски 
Мартин Велковски 
Мартин Поповски 
Никола Костески 
Жарко Пешевски 
Милан Лазаревски 
Филип Чурлевски 
Костадин Петров