Македонија на Европските игри во Минск ќе ја претставуваат 12 спортисти

Денеска на прес-конференцијата на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) беа претставени спортистите кои ќе настапат на Европските игри во Минск, Белорусија.

Европските игри ќе се одржат од 21 јуни до 30 јуни 2019 година во Минск и на нив ќе учествуваат 50 држави, односно околу 4.000 спортисти.

Македонија ќе ја претставуваат Емил Павлов (карате), Магомедгаџи Нуров (борење - слободен стил), Владимир Егоров (борење – слободен стил), Фати Вејсели (борење – слободен стил), Арбреша Реџепи (џудо), Владимир Малески (кајак), Борјан Бранковски (спортско стрелаштво), Андреј Петровски (велосипедизам – улична трка, хронометар), Далибор Богданов (самбо), како и боксерите, Етеми Арсим, Јасин Љама, Гоце Јанески.

Знамето на Македонија на церемонијата на отворањето на игрите ќе го носи Гоце Јанески (бокс).